ИЗГУБИВ ИНТЕРЕС ЗА НАТО, СФАТИВМЕ ДЕКА НЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ЈА ПРИМАТ УКРАИНА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    ИЗГУБИВ ИНТЕРЕС ЗА НАТО, СФАТИВМЕ ДЕКА НЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ЈА ПРИМАТ УКРАИНА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски го повика Путин да почнат дијалог (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го изгубил интересот за НАТО зашто сфатил дека оваа воена алијанса не е подготвена да ја прифати Украина.

    Ветувањето дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО беше едно од главните барања на Русија што постојано го истакнуваше пред да ја почне инвазијата. Кремљ вчера кажа дека ќе ја прекине воената операција ако Украина, меѓу другото, прифати да ја вгради неутралноста во својот устав.

    Зеленски кажа дека е подготвен за дијалог, не и за капитулација.

    „Што се однесува до НАТО, го изгубив интересот за ова прашање, зашто сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прими Украина. Алијансата е уплашена од конфронтација со Русија“, изјави Зеленски во интервјуто за „Еј-Би-Си њуз“.

    Тој додаде дека Украина нема да биде земја која ќе моли за нешто, ниту тој сака да биде таков претседател.

    „Јас зборам за безбедносни гаранции. Мислам дека можеме да разговараме и да најдеме компромиси за привремено окупираните територии и за републиките кои не се признати од никого освен од Русија. Неопходно е Путин да почне да разговара, место да живее во информациски балон без кислород“, вели Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира