ИЗЛЕЗЕ ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ОД ПОДВОДНИТЕ ПЕШТЕРИ ВО ТАЈЛАНД, АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖИ УТРОВО

    ИЗЛЕЗЕ ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ОД ПОДВОДНИТЕ ПЕШТЕРИ ВО ТАЈЛАНД, АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖИ УТРОВОНуркачите утрово повторно влегле во пештерите и се очекува првите деца да бидат извлечени во вечерните часови по локално време. - Снимка од вчерашната операција

    По десетина часа пауза, спасувачките екипи утрово ја продолжиле високоризичната операција на извлекување на тајландските момчиња и на нивниот тренер од поплавените пештери во Тајланд.

    Во првата фаза од акцијата, вчера на сигурно беа извадени четири момчиња и тајландските власти објавија неколкуминутна видео-снимка, од која се гледа сложениот процес на нивно извлекување. Операцијата беше прекината во вечерните часови по локално време поради потребата да се наполнат резервоарите со кислород.

    Дванаесеттемина млади фудбалери и нивниот тренер се во пештерите од 23 јуни, кога останале блокирани по ненадеен пороен дожд и беа лоцирани една недела подоцна.

    Нуркачите одново влегле во пештерите денеска по десет часот по локално време и властите донесоа одлука операцијата да продолжи, бидејќи, и покрај новите дождови, нивото на водата внатре не е кренато драстично.

    Властите кажаа дека вчерашната акција поминала „мазно“ и дека извлечените деца се добро.

    Според регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн, целата операција, во која учествуваат 90 нуркачи, треба да заврши за три, најмногу четири дена.

    „Условите се поволни исто како вчера. Спасувачкиот тим останува ист, со мали измени. Нивото на водата не е загрижувачко, иако врнеше вчера“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира