Доналд Трамп ги охрабри Унгарците да излезат на изборите в недела и да гласаат за актуелниот премиер Виктор Орбан, кој се соочува со губење на власта по 16 години. Американскиот претседател го пофали својот близок сојузник Орбан како силен и моќен лидер, велејќи дека помогнал да се достигнат нови височини и спектакуларни постигнувања во односите помеѓу САД и Унгарија.
„Унгарија: излези и гласај за Виктор Орбан! Тој е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија. Виктор Орбан никогаш нема да го изневери унгарскиот народ и јас сум со него“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Владата на Трамп со сите сили му дава поддршка на Орбан да победи на изборите, во пресрет на кои значајно заостанува во анкетите во однос на партијата Тиса на Петер Маѓар. Во посета на Унгарија одделно дојдоа државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џеј-Ди Венс, кој истакна дека САД не се мешаат во изборите во Унгарија, додека истовремено ја обвини Европската Унија дека го прави тоа.
На предизборен митинг оваа недела, Венс кажа дека Трамп е попопуларен во Унгарија од Орбан.



