ИЗРАЕЛ БОМБАРДИРАШЕ СТОТИЦИ ЦЕЛИ ВО ГАЗА И НАЈАВИ ДЕКА ОПЕРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ТРАЕ СО МЕСЕЦИ

    ИЗРАЕЛ БОМБАРДИРАШЕ СТОТИЦИ ЦЕЛИ ВО ГАЗА И НАЈАВИ ДЕКА ОПЕРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ТРАЕ СО МЕСЕЦИИзраелскиот министер за одбрана Јоав Галант во посета на трупите на границата со Газа. (Фото: Израелско министерство за одбрана)

    Израел вели дека погодил уште 320 цели во Газа, додека палестинските власти кажаа дека се погодени домови на луѓе без предупредување.

    Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека операцијата може да потрае „еден месец, два месеца, три месеца… и на крајот Хамас веќе нема да постои“.

    Тој навести и копнен напад, но додаде дека пред Хамас да се соочи со израелските тенкови и пешадија, ќе се запознае со гранати од израелското воздухопловство.

    Израелската војска, пак, соопшти дека еден војник загинал при напад внатре во Газа.

    Вчера во Газа пристигнаа уште 14 камиони со хуманитарна помош, но од Обединетите нации предупредуваат дека е потребно многу, многу повеќе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира