ЈАИР ЛАПИД Е НОВ ПРЕМИЕР НА ИЗРАЕЛ ДО ИЗБОРИТЕ НА 1 НОЕМВРИ

    ЈАИР ЛАПИД Е НОВ ПРЕМИЕР НА ИЗРАЕЛ ДО ИЗБОРИТЕ НА 1 НОЕМВРИЈаир Лапид ја презема функцијата од Нафтали Бенет (Фото: Ерусалим пост)

    Јаир Лапид ќе биде премиер на Израел до парламентарните избори закажани за 1 ноември, петти за период од помалку од четири години. Тој ја презема функцијата од Нафтали Бенет, кој кажа дека нема да се бори за нов мандат наесен.

    Лапид и Бенет беа предводници на владејачката коалиција на дури осум партии, но таа се распадна минатата недела по само една година. Ова го отвора патот за враќање на Бенјамин Нетанјаху на власт, иако му се суди за корупција. Се очекува неговата партија Ликуд да остане најголемата во парламентот.

    „Ова е добра вест за милиони израелски граѓани“, кажа Нетанјаху.

    Педесет и осумгодишниот Лапид ќе биде привремен премиер до формирањето на новата влада. Тој се здружи со Бенет во јуни минатата година откако Нетанјаху не успеа да обезбеди мнозинство.

    Ова беше најразновидната влада во историјата на Израел, која вклучуваше идеолошки спротивставени партии од целиот политички спектар, меѓу нив и независна арапска партија за првпат од основањето на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира