ИЗРАЕЛ ГО ПРЕКИНА ПРИМИРЈЕТО И ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ГАЗА, НАЈМАЛКУ 330 ЗАГИНАТИ

    ИЗРАЕЛ ГО ПРЕКИНА ПРИМИРЈЕТО И ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ГАЗА, НАЈМАЛКУ 330 ЗАГИНАТИИзраелската војска објави дека нападите ќе продолжат додека биде потребно (Фото: АП)

    Најмалку 330 луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Газа, со што беше прекинато примирјето кое стапи на сила во јануари, но во изминатите недели имаше застој во преговорите околу неговото продолжување. Напади се регистрирани на повеќе локации, во северна Газа, градот Газа, централните градови Рафа и Хан Јунис и во јужниот дел на енклавата, објави палестинското министерство за здравство, додавајќи дека меѓу загинатите има многу деца.

    Израелската војска објави дека нападите ќе продолжат додека биде потребно и можеби нема да се ограничат само на воздушни удари. Израел кажа дека однапред ги известил САД дека ќе лансира напади.

    Хамас соопшти дека Израел го поништил договорот за примирје, во услови кога во Газа остануваат уште 59 заложници киднапирани на 7 октомври 2023. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Хамас за „постојано одбивање да ги ослободи заложниците и за отфрлање на предлозите на специјалниот претставник на Доналд Трамп за Блиски Исток, Стив Виткоф“.

    Израел отсега ќе дејствува против Хамас со засилена воена сила“, стои во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.

    Израелската војска кажа дека цел на нападите се функционерите, воените заповедници и инфраструктурата на Хамас.

    Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да го продолжи примирјето, но место тоа, избра одбивање и војна“, изјави портпаролот на Белата куќа, Брајан Хјуз.

    Преговарачките тимови од Израел и Хамас беа во Доха додека посредниците од Египет и Катар се обидуваа да го премостат јазот помеѓу двете страни по завршувањето на првата фаза на примирјето, во која беа ослободени 33 израелски заложници и петмина Тајланѓани во замена за околу 2.000 палестински затвореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира