ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ГО ПРОДОЛЖИЈА ПРИМИРЈЕТО, ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ МУ СЕ БРЗА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ИРАН

    ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ГО ПРОДОЛЖИЈА ПРИМИРЈЕТО, ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ МУ СЕ БРЗА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ИРАНТрамп го продолжи примирјето со Иран на неодредено време, давајќи му шанса да преговара (Фото: АП)

    Израел и Либан го продолжија своето примирје за уште три недели на средба во Белата куќа, додека Доналд Трамп кажа дека ќе го чека најдобриот договор за да ја заврши војната со Иран. Трамп изјави дека не му се брза да склучи договор зашто сака тој да биде траен, но продолжи да тврди дека САД имаат јасна предност во поморската криза во Ормускиот Теснец, кој останува затворен за најголемиот број бродови.

    Трамп ја отфрли заканата од малите ирански бродови и рече дека верува оти Техеран не може да склучи договор бидејќи неговото раководство е во хаос. Врховниот водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, вчера го отфрли ваквото тврдење на Трамп, опишувајќи го како „медиумска операција на непријателот за злонамерно поткопување на иранските единство и безбедност“.

    „Единството ќе стане посилно и поцврсто, а непријателите ќе станат послаби и попонижени“, рече тој во објава на Икс, додека останува подалеку од очите на јавноста.

    Трамп го продолжи примирјето со Иран на неодредено време, давајќи му шанса да ги достави своите предлози и да преговара.

    Не ме брзајте. Сакам да го направам најдобриот договор, што ќе биде траен. Никогаш не би употребил нуклеарно оружје, САД го уништија Иран со конвенционални оружја“, рече Трамп.

    И покрај продолжувањето на примирјето во Либан, Израел и Хезболах продолжија со меѓусебните напади. Пред разговорите во Вашингтон, Израел се закани дека би можел да ги обнови нападите врз Иран, за што, како што кажа министерот за одбрана Израел Кац, чекаат зелено светло од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира