ИЗРАЕЛ ЈА УКИНА МЕРКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКА ВО ЗАТВОРЕНО

    ИЗРАЕЛ ЈА УКИНА МЕРКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКА ВО ЗАТВОРЕНОЖивотот во Израел се врати во нормала како резултат на успешната програма за вакцинирање

    Во Израел веќе не мора да се носи маска во затворено, откако земјата ја укина една од последните рестриктивни мерки по успешната програма за имунизација против ковид-19. Маска ќе треба да се носи само во авион или кога се оди во карантин.

    За шест месеци, Израел вакцинираше 85% од своето население, овозможувајќи повторно отворање на училиштата и бизнисите. На врвот на пандемијата, во земјата со повеќе од девет милиони жители имаше 88.000 активни случаи на зараза, а вчера, бројката изнесуваше 212. Израел во меѓувреме почна да ги вакцинира и децата меѓу 12 и 15 години.

    Сепак, властите се претпазливи околу пуштањето на странски туристи во земјата поради новите варијанти на коронавирусот. Сите туристи мора да приложат доказ дека се вакцинирани и да се тестираат по доаѓањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира