Израелската војска соопшти дека погодила „терористички комплекс“ во Џенин во Западен брег, во кој наводно имало ќелија на Хамас во џамија.
Овој напад на цел во Западен брег се случи откако во операција на израелските безбедносни сили во бегалскиот камп Нур Шамс, исто така во Западен брег, загинаа 13 луѓе, вклучувајќи 5 деца, според Обединетите нации.
Портпаролот на Израелската војска Даниел Накари најави дека Израел ќе ги продлабочи и зголеми нападите на Газа. Ова е најнова ескалација на конфликтот кој почна по нападот на Хамас во Израел пред две недели кога загинаа над 1.400 луѓе. Оттогаш, Израел почна со одмазднички воздушни напади и над 4.000 луѓе загинаа во Газа од 7 октомври.