ИЗРАЕЛ НАЈАВИ ПРОШИРУВАЊЕ НА ОФАНЗИВАТА ОТКАКО НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ЈУЖНИ ОБЛАСТИ НА ГАЗА

    ИЗРАЕЛ НАЈАВИ ПРОШИРУВАЊЕ НА ОФАНЗИВАТА ОТКАКО НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ЈУЖНИ ОБЛАСТИ НА ГАЗАПред да почне со копнената офанзива, Израел нареди евакуација на целиот северен дел на појасот (Фото: АП-

    Израел им нареди на цивилите од четири града во јужна Газа да се евакуираат, што ги зголеми стравувањата дека војната против Хамас би можела да се прошири и во области кои досега се сметаа за релативно безбедни.

    Во исто време, израелските сили и натаму се присутни во најголемата болница во Газа, без да наведат детали за својата операција. Комуникациите со болницата се во прекин од вчера попладне.

    Израелски авиони ноќеска фрлаа летоци во кои им се кажува на жителите на Бани Шухаила, Куза, Абасан и Карара да заминат. Тие се наоѓаат близу Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа и пред војната вкупно имаа околу 100.000 жители, но сега се дом и на десетици илјади луѓе кои избегаа од други области.

    „Активностите на Хамас бараат дејствување на одбранбените сили во областите во кои што живеете. За ваша безбедност, потребно е веднаш да се евакуирате“, стоело на летоците.

    Пред да почне со копнената офанзива, Израел нареди евакуација на целиот северен дел на појасот, каде што се наоѓа и градот Газа, по што илјадници луѓе се упатија кон југот. Обединетите нации кажаа дека околу две третини од 2,3 милиони жители на Газа сега се без дом, од кои многумина се засолнија во јужните градови.

    Минатиот месец, населението на Кан Јуниса порасна од 400.000 на повеќе од еден милион, при што илјадници раселени се сместени во привремени кампови, болници и во училишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира