Израелската војска им нареди на жителите на градот Газа да се евакуираат во пресрет на нова офанзива, што следува ден откако таа се закани со урагански напади ако Хамас не ги ослободи преостанатите 48 заложници. Заземањето на градот со околу милион жители ги усложнува напорите за прекин на огнот н крај на речиси двегодишната војна.
Наредбата за евакуација предизвика паника и хаос меѓу жителите на градот, зашто никаде во енклавата не е безбедно. Нетанјаху ги предупреди жителите да заминат веднаш, велејќи дека војската се собира и организира за копнен маневар.
„Искористете ја оваа можност и послушајте ме, зашто бевте предупредени: одете си сега“, кажа Нетанјаху.
Катар ги притиска лидерите на Хамас да одговорат позитивно на последниот американски предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Хамас кажа дека примил некои идеи од САД и разговара со посредниците за начините за нивно развивање. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Израел го прифатил предлогот на Доналд Трамп.
Нетанјаху рече дека Израел нема друг избор освен да ја заврши работата и да го порази Хамас, со оглед на тоа што групата одбива да го положи оружјето. Хамас кажа дека нема да се разоружи додека не се воспостави независна палестинска држава.
Од почетокот на војната, во која загинаа над 62.000 Палестинци, Израел воспостави контрола врз 75% од Газа.