ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ОД 163.000 ВАКЦИНИРАНИ ЛУЃЕ САМО 31 СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС

    ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ОД 163.000 ВАКЦИНИРАНИ ЛУЃЕ САМО 31 СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУСОд оваа недела, вакцината ќе биде достапна за сите кои имаат над 35 години (Фото: ЕПА)

    Израел објави охрабрувачки резултати откако вакцинираше повеќе од една третина од своето население против ковид-19.

    Здравствените власти кажаа дека од 163.000 луѓе кои ги примиле двете дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, само 31 се заразил со коронавирус. Во другата контролирана група со невакцинирани луѓе имало 6.450 заразени.

    Од вакцинираните кои се заразиле никој не бил хоспитализиран и некои имале само благи симптоми, како главоболка. Властите кажаа дека тоа сугерира дека вакцината дава заштита од 92%, што е блиску до тврдењата на „Фајзер“ дека е 95-процентно ефективна.

    Израел е светски лидер во имунизацијата против ковид-19 и вакцина дневно примаат речиси 200.000 луѓе. Оваа недела, таа ќе биде достапна за сите кои имаат над 35 години.

    „Ова се многу, многу добри вести. Ова е прво истражување на светот кое зема предвид вака голема бројка на вакцинирани луѓе“, изјави Амат Ека Зохар, потпретседателот на здравствените служби Макаби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира