ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ПРОДОЛЖУВА СО НАПАДИТЕ ВО ГАЗА ДЕСЕТ МИНУТИ ПО ИСТЕКОТ НА ПРИМИРЈЕТО

    ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ПРОДОЛЖУВА СО НАПАДИТЕ ВО ГАЗА ДЕСЕТ МИНУТИ ПО ИСТЕКОТ НА ПРИМИРЈЕТОИзраел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето (Фото: АП)

    Жестоки борби се одвиваат во Газа откако израелската војска објави дека одново почнува со борбените операции против Хамас, обвинувајќи го дека го прекршил привременото примирје. Израелските одбранбени сили официјално објавија дека продолжуваат со борбите само десет минути по истекувањето на седумдневното примирје, во текот на кое беа ослободени повеќе од 100 заложници.

    Непосредно пред завршувањето на примирјето, Израел кажа дека пресретнал ракета испукана од Газа, при што се огласија сирени за тревога во јужниот дел на земјата.

    Палестинските медиуми известуваат за израелски воздушни напади низ целиот појас, како и за гранатирања во јужниот град Кан Јунис. Министерството за здравство на Газа кажа дека најмалку шест цивили загинале во израелски воздушен напад на градот Рафа, како и две деца во северниот дел на енклавата.

    И покрај тоа, палестински извори велат дека преговарачите се обидуваат да договорат ново примирје помеѓу двете страни. Во изминатите седум дена беа ослободени 105 заложници и 240 палестински затвореници. Се верува дека во заложништвото на Хамас остануваат околу 140 луѓе.

    При вчерашната посета на Тел Авив, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го повика Израел повеќе да ги штити цивилите и да избегнува масовни раселувања на населението во Газа и оштетувања на клучната инфраструктура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира