ИЗРАЕЛ ПЛАНИРА ДА ПОЧНЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 СО ЧЕТВРТАТА ДОЗА

    ИЗРАЕЛ ПЛАНИРА ДА ПОЧНЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 СО ЧЕТВРТАТА ДОЗАЗдравствените експерти ја препорачаа четвртата доза за сите лица над 60 години (Фото: Гети)

    Израел планира да стане првата држава на светот која на своите граѓани ќе им ја дава четвртата доза на вакцината против ковид-19, додека се подготвува за голем број заразени како резултат на ширењето на сојот омикрон. Израелските здравствени експерти ја препорачаа четвртата доза за лицата над 60 години и сите здравствени работници.

    Премиерот Нафтали Бенет го поздрави ппанот и порача да се почне со подготовките за вакцинирањето. Ова следува откако Израел го потврди првиот смртен случај од омикрон, додека во земјата досега има околу 340 заразени со овој сој.

    Бенет изјави дека четвртата доза би се давала најмалку четири месеци по третата.

    „Ова е прекрасна вест што ќе ни помогне да го пребродиме бранот со омикрон, кој го преплави светот“, изјави Бенет.

    Израел во почетокот беше едел од светските лидери во вакцинирањето, но потоа само 63% од населението ги прими првите две дози. Ова се должи и на тоа што населението во Израел е доста младо, при што една третина од жителите се под 14 години. Поради тоа, Израел во ноември објави дека и децата од пет години можат да се вакцинираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира