ИЗРАЕЛ ПРОТЕРУВА ИЛЈАДНИЦИ ПАЛЕСТИНЦИ ОД ГАЗА КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ЗЕМЈАТА

    ИЗРАЕЛ ПРОТЕРУВА ИЛЈАДНИЦИ ПАЛЕСТИНЦИ ОД ГАЗА КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ЗЕМЈАТАОколу 18.500 Палестинци од Газа имале дозвола за влез во Израел (Фото: АФП)

    Илјадници Палестинци кои работеле во Израел и на окупираниот Западен Брег денеска беа испратени назад во Газа откако тоа беше најавено од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Очевидци кажаа дека дел од нив се вратиле во Газа преку граничен премин источно од преминот Рафа.

    Оние работници од Газа кои се затекнале во Израел во моментот на почетокот на војната ќе бидат вратени во Газа“, кажаа од кабинетот на Нетанјаху.

    Работниците кои се враќаат во Газа кажаа дека биле приведени и лошо третирани од израелските власти по нападот на Хамас.

    Им служевме, работевме за нив во домови, ресторани и продавници за најниски плати и покрај тоа, бевме понижувани“, изјави Џамал Исмаил, работник од бегалскиот камп Магази во централна Газа.

    Ова следува откако израелската влада објави дека во Израел веќе нема да има палестински работници од Газа. Според официјални податоци, околу 18.500 Палестинци од Газа имале дозвола за влез во Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира