Израелското министерство за здравство соопшти дека вчера вакцинирале 98,916 граѓани, што е нов рекорд за еден ден за земјата, една недела откако почна кампањата за вакцинација против коронавирус. Вкупната бројка на вакцинира во Израел досега изнесува 379 илјади.
Министерот за здравство Јули Еделстајн ги пофали здравствените работници кои учествуваат во вакцинацијата, како и јавноста која со ентузијазам гледа на кампањата.
„Ќе продолжиме на овој начин и ќе го забрзаме темпото“, изјави министерот
Израел во моментов е прв во светот според вакцинирани по глава на жител, пред Бахреин, според податоците на Оксфордскиот универзитет.
Израел има за цел да вакцинира 150 илјади луѓе дневно од следната недела, а премиерот Бенјамин Нетанијаху викендов кажа дека очекува до крајот на јануари да има два милиона вакцинирани Израелци.