ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА 350.000 ЛУЃЕ ГО НАПУШТИЛЕ ГРАДОТ ГАЗА, ГО ОБВИНИ ХАМАС ДЕКА ГО ПРЕТВОРИЛ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ЖИВ ШТИТ ВО ИСТОРИЈАТА

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА 350.000 ЛУЃЕ ГО НАПУШТИЛЕ ГРАДОТ ГАЗА, ГО ОБВИНИ ХАМАС ДЕКА ГО ПРЕТВОРИЛ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ЖИВ ШТИТ ВО ИСТОРИЈАТАПред почетокот на офанзивата, околу милион луѓе побарале засолниште во градот Газа (Фото: АП)

    Израел кажа дека околу 350.000 луѓе го напуштиле градот Газа на првиот ден од копнената офанзива, чија цел е заземањето на главниот град во енклавата, што Израел го смета за центар на моќта на Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека еден од приоритетите на војската е евакуацијата на целото население на градот.

    Правиме напори за отворање дополнителни рути за побрза евакуација на цивилите, за да ги одделиме од терористите кои сакаме да ги напаѓаме“, рече Нетанјаху.

    Долги редици и сообраќаен метеж се создадоа вчера на единствениот крајбрежен пат што Израел го отвори за заминување на цивилите. Пред почетокот на офанзивата, околу милион луѓе побарале засолниште во градот Газа. Израелската војска кажа дека градот досега го напуштиле 350.000 жители, додека Обединетите нации проценуваат дека околу 220.000 луѓе заминале.

    Градот Газа е центарот на воената и управувачка моќ на Хамас, негово главно упориште. Хамас го претвори градот во најголемиот човечки штит во историјата“, изјави портпаролот на израелската војска Ефи Дефрин.

    Израел вчера ја почна долгоочекуваната копнена офанзива во градот Газа, при што министерот за одбрана Израел Кац кажа дека „Газа гори“. Локални жители рекле дека ова се најсилните бомбардирања од почетокот на војната пред речиси две години.

    Израелската војска објави дека трупите навлегуваат подлабоко во главниот град на енклавата и дека бројот на војниците ќе расте во следните денови, за да се соочат со околу 3.000 борци на Хамас, колку што се верува дека се останати во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира