ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ВОЈСКАТА ГО ОКРУЖИЛА ГРАДОТ ГАЗА И НАЈАВИ ПРЕКИН НА СИТЕ КОНТАКТИ СО ЕНКЛАВАТА

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ВОЈСКАТА ГО ОКРУЖИЛА ГРАДОТ ГАЗА И НАЈАВИ ПРЕКИН НА СИТЕ КОНТАКТИ СО ЕНКЛАВАТАКонфликтот влегува во својата четврта недела и досега однесе повеќе од 10.000 животи на двете страни (Фото: АП)

    Израелската војска тврди дека целосно го окружила најголемиот град во Газа, една недела откако ја почна копнената офанзива, чија цел е уништувањето на Хамас, додека САД уште еднаш ќе се обидат да го притиснат премиерот Нетанјаху да се согласи на паузи во борбите, за да може да влезе хуманитарна помош. Додека конфликтот влегува во својата четврта недела и досега однесе повеќе од 10.000 животи на двете страни, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, повторно ќе пристигне во Израел за да се сретне со Нетанјаху.

    Белата куќа смета дека паузите треба да бидат привремени и локализирани, додека група експерти на Обединетите нации предупреди дека Палестинците во Газа се соочуваат со геноцид. Израелската влада не попушта и објави дека ќе ги прекине сите контакти со Газа.

    Во Израел веќе нема да има палестински работници од Газа. Оние работници кои биле во земјата кога почна војната ќе бидат вратени во Газа. Ќе ги укинеме сите фондови наменети за Појасот Газа“, кажаа од кабинетот на Нетанјаху.

    Околу 18.500 Палестинци од Газа имале дозвола за влез во Израел пред нападот на Хамас на 7 октомври.

    Портпаролот на армијата, Даниел Хагари, кажа дека израелските трупи го довршиле окружувањето на градот Газа.

    Напаѓаме пунктови, штабови и инфраструктура на Хамас, кој добро се брани. Тие излегуваат од тунелите, нѐ напаѓаат и се враќаат“, кажа Хагари, додавајќи дека во вчерашните борби загинале четворица израелски војници, а вкупно 23 од почетокот на копнената офанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира