ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ЗАЗЕДЕ ЈАХТА КОЈА НОСЕШЕ ПОМОШ ВО ГАЗА, ВО ЕКИПАЖОТ БЕШЕ И ГРЕТА ТУНБЕРГ

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ЗАЗЕДЕ ЈАХТА КОЈА НОСЕШЕ ПОМОШ ВО ГАЗА, ВО ЕКИПАЖОТ БЕШЕ И ГРЕТА ТУНБЕРГБродот требало да достави симболична помош во Газа, со цел да го привлече вниманието кон хуманитарната криза која се одвива таму (Фото: АП)

    Израелските сили зазедоа хуманитарно пловило кое се обидело да ја пробие поморската блокада на Појасот Газа. На јахтата имало 12 луѓе, вклучувајќи ја активистката Грета Тунберг. Властите кажаа дека пловилото е одведено во пристаниште во Израел.

    Со јахтата „Матлин“, која пловела под британско знаме, управува пропалестинската хуманитарна организација „Фридом флотила“. Тие се обиделе да достават симболично количество помош во Газа, со цел да го привлечат вниманието на светската јавност кон хуманитарната криза која се одвива таму.

    Сепак, бродот бил пресретнат ноќеска пред да стигне до брегот и израелското министерство за надворешни работи подоцна потврди дека тој е под израелска контрола.

    „‘Селфи јахтата‘ на славни личности безбедно плови кон брегот на Израел. Се очекува патниците да се вратат во своите земји. Сите се добро и неповредени. Ќе им бидат дадени сендвичи и вода. Шоуто заврши“, објави министерството.

    Покрај Тунберг, меѓу патниците била и француската европратеничка Рима Хасан.

    Екипажот на ‘Фридом флотила‘ беше уапсен од израелската војска во меѓународните води утрово околу два часот“, напиша Хасан на Икс.

    Бродот носел мало количество хуманитарна помош, вклучувајќи ориз и бебешка храна и неговата крајна цел била Газа. Израел воведе поморска блокада на Газа откако Хамас презеде контрола врз енклавата во 2007.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира