ЈАПОНИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ СТРАНЦИ ПОРАДИ СОЈОТ ОМИКРОН

    ЈАПОНИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ СТРАНЦИ ПОРАДИ СОЈОТ ОМИКРОНВо Јапонија досега не е потврден случај на новиот сој (Фото: Блумберг)

    Јапонија објави дека ќе забрани влез за сите странци во земјата поради појавата на омикрон сојот на коронавирусот, следејќи го примерот на Израел, кој викендов донесе ваква одлука.

    „Го правиме овој чекор од претпазливост, за да се спречи најлошото сценарио во Јапонија“, изјави премиерот Фумио Кишида.

    Тоа значи дека Јапонија ќе ги врати граничните контроли, кои беа олеснети во почетокот на овој месец за странски студенти, работници и деловни посетители. Кишида им порача на граѓаните да продолжат да носат маска и да се придржуваат до другите ковид мерки додека не се дознае повеќе за омикрон сојот.

    Многу земји ги прекинаа авионските врски со југот на Африка, каде што омикрон првпат беше идентифуван минатата недела, иако научниците сѐ уште не се сигурни дали тој е посериозен и поопасен од останатите варијанти.

    Надвор од Африка, случаи на омикрон веќе се детектирани во Хонгконг, Израел, Австралија, Канада, Велика Британија, Франција, Белгија, Холандија и Данска.

    Френсис Колинс, директорот на Националните здравствени институти на САД, вели дека засега нема докази дека омикрон предизвикува посериозна форма на ковид-19 од другите варијанти.

    „Веруваме дека е позаразен, имајќи предвид колку брзо се шири во некои области во Јужна Африка, но не знаеме дали може да му парира на делта сојот“, изјави Колинс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира