ЈАПОНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ ПРОЕКТИЛИ „ПАТРИОТ“ ВО САД ВО ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА СВОЈАТА МИРОТВОРНА ПОЛИТИКА

    ЈАПОНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ ПРОЕКТИЛИ „ПАТРИОТ“ ВО САД ВО ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА СВОЈАТА МИРОТВОРНА ПОЛИТИКАЈапонија сѐ уште забранува извоз на оружје во земји кои се во војна (Фото: Гети)

    Јапонија ќе испрати противвоздушни проектили „патриот“ во САД откако ги промени своите правила за извоз на оружје, што претставува значајно отклонување од нејзините миротворни политики. На овој начин, САД би можеле да испратат свои залихи проектили во Украина.

    На западните сили им снемува муниција за помош на Украина, која самата се пожали дека се соочува со недостиг на некои оружја. Проектилите „патриот“ се меѓу најнапредните оружја што Украина ги има добиено од САД.

    Јапонија досега дозволуваше компоненти на лиценцирана опрема да се испраќаат во земјата од каде што потекнува лиценцата за производство, но, според новите правила, отсега ќе може да испраќа и готови производи. Набргу откако владата денеска ја објави промената, министерството за надворешни работи кажа дека ќе испрати проектили „патриот“ во САД заради „натамошно зајакнување на јапонско-американската алијанса“.

    Оттаму додаваат дека проектилите можат да се испраќаат само во САД и ќе биде потребно одобрение од Јапонија ако тие одат во трети земји. Јапонија сѐ уште забранува извоз на оружје во земји кои се во војна.

    Ова би можело да значи дека Јапонија ќе ги пополни залихите на САД, кои пак ќе испратат свои проектили во Украина. Јапонија исто така размислува да испрати 155-милиметарски гранати во Велика Британија.

    По Втората светска војна, Јапонија усвои устав со кој се забранува земјата да оди во војна, освен во случаи на самоодбрана. Уставот официјално не ја признава војската и ја ограничува на самоодбранбени можности. Таа исто така воведе забрана за извоз на оружје, која беше олеснета во 2014 за првпат по речиси 50 години. Јапонија лани објави дека до 2027 ќе го удвои военото трошење на 2% од својот БДП поради заканите од Кина и Северна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира