ЈАПОНСКАТА ПРИНЦЕЗА МАКО СЕ ВЕНЧАШЕ СО КОЛЕГА ОД ФАКУЛТЕТ ПОРАДИ КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД ЦАРСКИОТ СТАТУС И МИЛИОН ДОЛАРИ

    ЈАПОНСКАТА ПРИНЦЕЗА МАКО СЕ ВЕНЧАШЕ СО КОЛЕГА ОД ФАКУЛТЕТ ПОРАДИ КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД ЦАРСКИОТ СТАТУС И МИЛИОН ДОЛАРИМако и Кеи Комуро склучија граѓански брак и ќе продолжат да живеат во САД (Фото: Гети)

    Јапонската принцеза Мако се венчаше со своето момче од факултет Кеи Комуро и го загуби царскиот статус. Според јапонските закони, женските членови на царското семејство го губат својот статус по венчавката со обичен граѓанин, за разлика од машките членови.

    Таа исто така ги прескокна традиционалните обичаи за царска венчавка и се откажа од еднократната исплата од 140 милиони јени (1,23 милион долари), што им се нуди на женските членови за напуштање на семејството. Мако е првата членка на царското семејство од Втората светска војна која се откажа од ваква исплата.

    Двојката ќе продолжи да живее во САД, каде што Комуро работи како адвокат, поради што од медиумите го добија прекарот „јапонските Хари и Меган“.

    Триесетгодишната внука на тогашниот цар Акихито и Комуро, кои заедно студираа на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, се свршија во септември 2017, но венчавката беше стопирана поради финансиски спор на мајката на Комуро. Контроверзите околу нивниот брак почнаа кога еден јапонски таблоид објави дека таа му должи 35.000 долари на нејзиниот поранешен свршеник, за кои Комуро тврдеше дека ги добиле како подарок, а не како заем.

    Мако, која го зеде презимето на својот сопруг, се извини за сите проблеми што ги предизвикала со својата венчавка.

    „За мене, Кеи е незаменлив и бракот беше неопходен избор за нас“, кажа Мако на денешната прес-конференција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира