Новиот јапонски министер за трговија поднесе оставка откако беше обвинет дека го прекршил изборниот закон.
Јапонските медиуми објавија дека Исшу Сугавара на свои гласачи во Токио делел скапи дињи, портокали, икра и други производи, а на едно семејство му понудил 20.000 јапонски јени (185 долари). Јапонскиот изборен закон им забранува на политичарите да испраќаат донации на гласачите.
Ваквите обвинувања прво се појавија во неделникот „Шукан буншун“, кој објави дека секретарот на Сугавара му понудил 20.000 јени на семејството на починат поддржувач. Магазинот објави листа и на други подароци, како и писма со благодарност што ги испраќале гласачите.
„Не сакам моите проблеми да ја кочат работата на парламентот“, изјави Сугавара откако поднесе оставка.