ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР ГО СМЕНИ СВОЈОТ СИН ОД ЈАВНА ФУНКЦИЈА ЗАШТО ОРГАНИЗИРАЛ ПРИВАТНА ЗАБАВА ВО НЕГОВАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

    ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР ГО СМЕНИ СВОЈОТ СИН ОД ЈАВНА ФУНКЦИЈА ЗАШТО ОРГАНИЗИРАЛ ПРИВАТНА ЗАБАВА ВО НЕГОВАТА РЕЗИДЕНЦИЈАШотаро Кишида беше секретар за политички работи на премиерот (Фото: Гети)

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида го отпушти сопствениот син од функцијата секретар за извршна политика откако се дозна дека организирал приватна забава во официјалната резиденција на премиерот.

    Снимките што ги објави неделникот „Шукан буншун“ ги прикажуваат Шотаро Кишида и уште десетина роднини како позираат и лежат на скалите од резиденцијата, имитирајќи групни фотографии на новоизбрани влади. Шотаро е во центарот, местото резервирано за премиерот.

    „Како секретар за политички работи на премиерот, што е јавна функција, неговото однесување беше непримерно и затоа одлучив да го сменам за да преземе одговорност“, изјави Кишида.

    Тој призна дека само ги поздравил гостите, но не останал на вечерата.

    Речиси 100 години старата зграда долго време служеше како канцеларија на премиерот, а во 2005 беше претворена во резиденција за живеење.

    Триесет и двегодишниот Шотаро почнал да работи за татко му во 2020. Тој се правдаше дека го назначил својот син поради неговите личност и добар увид во работите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира