ЈАС СУМ НАЈМАЛКУ РАСИСТИЧКА ЛИЧНОСТ ШТО ЈА ЗНАЕТЕ, ВЕЛИ ТРАМП

    ЈАС СУМ НАЈМАЛКУ РАСИСТИЧКА ЛИЧНОСТ ШТО ЈА ЗНАЕТЕ, ВЕЛИ ТРАМПНегира дека на состанокот во Белата куќа го употребил терминот „посрани држави“. - Доналд Трамп

    Доналд Трамп негираше дека е расист, откако беше осуден од целиот свет за наводната употреба на терминот „посрани држави“, со кој ги опиша Хаити, Ел Салвадор и африканските земји, жалејќи се на голем прилив на мигранти оттаму.

    Тој, наводно, го кажал ова на состанокот во Белата куќа минатата недела, на којшто се дискутирало за нов договор за имигранти.

    „Јас не сум расист. Јас сум најмалку расистичка личност со којашто сте зборувале. Тие коментари не беа кажани“, им кажа Трамп на новинарите во Вест Палм Бич на Флорида, што е негова прва јавна реакција откако во јавноста излегоа детали за состанокот.

    Во изминатите недели, администрацијата на Трамп го повлече Привремениот заштитен статус за жителите на неколку држави, според кој стотици илјади мигранти од Хаити, Ел Салвадор и од Никарагва треба да се вратат во своите земји до наредната година, доколку не добијат законски одобрен престој во САД.

    „Хаиќани? Не ни требаат повеќе Хаиќани! Нам ни требаат повеќе мигранти од држави како Норвешка“, наводно рекол Трамп на состанокот со сенатори од двете партии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира