ЈОРДАНСКИ ПИСАТЕЛ УБИЕН ПРЕД СУДЕЊЕТО ЗА НАВРЕДА НА ИСЛАМОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Аман,(АП)

    ЈОРДАНСКИ ПИСАТЕЛ УБИЕН ПРЕД СУДЕЊЕТО ЗА НАВРЕДА НА ИСЛАМОТ

    Истакнат јордански писател и колумнист беше убиен денеска пред судот во Аман каде требаше да му се суди за објавување карикатура оценета како навредлива за исламската религија на социјалните мрежи.

    Јордански функционер кажа дека осомничениот за убиството е поранешен имам во локална џамија и кажа дека бил мотивиран од гнев по карикатурата објавена на Фејсбук од писателот Нахед Хатар. Пукањето е последно од серијата безбедносни пропусти во Јордан.

    Сведоците велат дека Хатар (56) се подготвувал да влезе во судницата за рочиштето кога вооружен човек го застрелал од непосредна близина. Сведоците велат дека осомничениот, кој веднаш бил уапсен, носел долга сива носија и долга брада, карактеристични за конзервативните муслимани.

    Јорданските медиуми, цитирајќи анонимен функционер, го идентификуваа напаѓачот како Ријад Абдула (49) поранешен имам од Хашми, сиромашен кварт во Аман. Функционерот кажа дека осомничениот бил мотивиран од карикатурата на која е претставен човек со брада, како лежи со две жени во кревет и пуши и му вели на Господ да му донесе вино и грицки.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари