Јули годинава беше најжешкиот месец некогаш регистриран ширум светот, потврдија сателитските податоци. Проценката беше направена од истражувачите на Сервисот за климатски промени „Коперник“ на ЕУ.
Научниците велат дека ова е најновиот знак дека Земјата се загрева без преседан. Жешките бранови срушија неколку рекорди низ Европа минатиот месец, со невообичаено високи температури на Арктикот.
Глобално, јули 2019 беше за нијанса потопол (0,04 степени целзиусови) од претходниот најтопол месец, јули 2016.
Според „Коперник“, секој месец годинава е рангиран меѓу четирите најтопли месеци во историјата за соодветните месеци.