ЈУЖНА АМЕРИКА Е НОВ ЕПИЦЕНТАР НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19, ДНЕВНО ИМА ПОВЕЌЕ НОВИ СЛУЧАИ ОД САД И ЕВРОПА

    ЈУЖНА АМЕРИКА Е НОВ ЕПИЦЕНТАР НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19, ДНЕВНО ИМА ПОВЕЌЕ НОВИ СЛУЧАИ ОД САД И ЕВРОПАПред нас се многу тешки недели за Бразил и регионот, предупреди СЗО (Фото: Ројтерс)

    Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата на коронавирусот, објави Светската здравствена организација, додека американско истражување покажа дека до август ќе се зголемува бројот на мртви во Бразил и во останатите јужноамерикански земји.

    „Сега не е време за олеснување на рестрикциите“, порача Кариса Етјен, директорката на американскиот оддел во СЗО и претседателка на Панамериканската здравствена организација.

    На двата американски континента досега се регистрирани вкупно 2,4 милиони случаи на коронавирус, а починале повеќе од 143.000 луѓе.

    Јужна Америка ги има поминато САД и Европа во дневната бројка на новозаразени. Нашиот регион стана нов епицентар на пандемијата на КОВИД-19. Пред нас се многу тешки недели и Бразил и регионот се далеку од крајот на пандемијата“, кажа Етјен.

    СЗО изрази загриженост и за брзото ширење на коронавирусот во Перу, Чиле, Ел Салвадор, Гватемала и Никарагва.

    Додека САД се ближат кон бројката од 100.000 починати од КОВИД-19, студија на Универзитетот во Вашингтон предупреди дека во Бразил би можело да има 125.000 мртви до крајот на август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира