Кафулињата и рестораните, како и трговските центри во Србија за време на викендот ќе работат до 14 часот, одлучил денес Кризниот штаб. Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации како и лабораториите ќе работат како и досега. Со стандардно работно време продолжуваат и фризерските и козметичките салони како и фирмите за достава на храна. Зимските центри на Копаоник ќе функционираат како и досега, а во 14 часот ќе се затворат само угостителските објекти.
Во бензинските пумпи ќе може да се купува и послужува до 14 часот, а потоа ќе може само да се точи гориво.
Следната седница на Кризниот штаб е закажана за в понеделник, кога ќе се разгледува дали за време на викендост се почитувале мерките за заштита од ковид-19.
Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 3.339 позитивни од 14.128 тестови, а починале 16 лица. Вкупно досега заразени се 452.240, а починаа 4.141.
Вакцинацијата против ковид-19 во Србија се одвива со четири вакцини, досега се вакцинирани над 1 милион и 393 илјади, а двете дози ги примија 506.949.