КАЛИФОРНИЈА ЈА НАДМИНА ЈАПОНИЈА КАКО ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ

    КАЛИФОРНИЈА ЈА НАДМИНА ЈАПОНИЈА КАКО ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТПред Калифорнија сега се само Германија, Кина и САД во целост (Фото: Гети)

    Калифорнија ја надмина Јапонија и стана четвртата најсилна економија во светот. Гувернерот Гевин Њусом го потврди ова со нови податоци од Меѓународниот монетарен фонд и Бирото за економски анализи на САД.

    Тие покажуваат дека бруто домашниот производ на Калифорнија достигнал 4,10 трилиони долари во 2024, поминувајќи ја Јапонија, чиј БДП изнесувал 4,01 трилион долари. Пред Калифорнија сега се само Германија, Кина и САД во целост.

    Калифорнија не само што го држи чекорот со светот, туку и го диктира темпото“, изјави демократскиот гувернер на оваа американска сојузна држава.

    Калифорнија го има најголемиот удел во производството и земјоделството на САД, дом е на водечките технолошки компании, центар е на светската забавна индустрија и тука се наоѓаат двете најголеми морски пристаништа во земјата.

    Иако САД (29,18 трилиони долари), Кина (18,74) и Германија (4,65) имаат поголем БДП, новите податоци покажуваат дека Калифорнија бележи најбрз раст меѓу нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира