КАМЕРИТЕ РЕГИСТРИРАА ПОЛНЕЊЕ КУТИИ НА ИЗБОРИТЕ ВО РУСИЈА, ПАРТИЈАТА НА ПУТИН ПОБЕДИ УБЕДЛИВО

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Москва,(разниизвори)

    КАМЕРИТЕ РЕГИСТРИРАА ПОЛНЕЊЕ КУТИИ НА ИЗБОРИТЕ ВО РУСИЈА, ПАРТИЈАТА НА ПУТИН ПОБЕДИ УБЕДЛИВО

    Единствена Русија, партијата поддржана од претседателот Владимир Путин, освои мнозинство на парламентарните избори во земјата, со огромна предност во однос на ривалските партии.

    По преброени 93 отсто од гласовите, партијата има освоено 54,2 отсто од гласовите и 343 места во 450-члениот парламент, соопштија од изборната комисија. Комунистичката партија и националистичката ЛДПР освоија по 13 отсто од гласовите. Партијата Само Русија освои шест отсто од гласовите,

    Изборни нерегуларности беа пријавени во неколку области и шефот на изборната комисија Ела Памфилова сугерираше дека гласањето може да биде поништено на три избирачки места. Во неколку случаи, веб камерите инсталирани на сите гласачки места снимија како членови на избирачките одбори полнат кутии.

    Во Ростов на Дон, камерата регистрираше како тројца луѓе стојат покрај гласачката кутија, додека една жена ја полни кутијата со гласачки ливчиња.

    Памфилова призна дека имало проблеми во одредени региони, но вели дека бројката на нерегуларности е доста намалена во однос на последните избори.

    „Во секој случај, има целосна доверба дека изборите се целосно легитимни“, кажа шефот на Централната изборна комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира