КАНЈЕ ВЕСТ НОСЕШЕ ПАНЦИР НА СВОЈОТ ПРВ ПРЕДИЗБОРЕН МИТИНГ И ДЕБАТИРАШЕ ЗА АБОРТУС

    КАНЈЕ ВЕСТ НОСЕШЕ ПАНЦИР НА СВОЈОТ ПРВ ПРЕДИЗБОРЕН МИТИНГ И ДЕБАТИРАШЕ ЗА АБОРТУСВест без микрофон се обрати пред неколку стотици луѓе (Фото: Ројтерс)

    Канје Вест ја почна својата претседателска кампања со хаотичен митинг во Чарлстон, Јужна Каролина, каде што се појави во панцир и на долго дебатираше за абортус. Нарекувајќи ја својата кампања „Роденденска забава“, Вест без микрофон се обрати пред неколку стотици луѓе и се расплака кога почна да раскажува како татко му сакал да се откаже од него.

    „Немаше да го има Канје Вест затоа што татко ми бил презафатен. Мајка ми ме спаси, зашто татко ми сакал абортус“, изјави Вест и потоа почна да вика дека за малку ја убил ќерка си.

    „Речиси ја убив ќерка ми. Ким можеби ќе побара развод од мене после овој говор, но таа ја донесе Норт на овој свет иако јас не сакав“.

    Вест кажа дека мајките би требало да добиваат еден милион долари кога ќе се породат и дека абортусот би требало да остане легален.

    Фановите и натаму не се сигурни дали влегувањето на Вест во претседателската трка во последен момент е само промотивен чин. Тој ја објави кандидатурата на 4 јули, но веќе го пропушти крајниот рок да се појави на гласачкото ливче во неколку сојузни држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира