КАПСУЛАТА НА ИЛОН МАСК СО ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ СЕ СПОИ СО МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА ПО 19 ЧАСОВИ ЛЕТ

    КАПСУЛАТА НА ИЛОН МАСК СО ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ СЕ СПОИ СО МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА ПО 19 ЧАСОВИ ЛЕТКапсулата снимена како ѝ се доближува на Меѓународната вселенска станица (Фото: НАСА)

    Капсулата на Илон Маск со двајца американски астронаути во посадата успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (ИСС) по 19-часовен лет.

    Ракетата со новата капсула „дрегон“ синоќа беше лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што „Спејс-Екс“ стана прва приватна компанија во историјата која испратила луѓе во вселената.

    На историскиот лет беа едни од најискусните астронаути на НАСА, Даг Харли и Боб Бенкен, кои во наредните недели ќе бидат дел од американско-рускиот екипаж на ИСС. Спојувањето со Станицата беше целосно автоматизиран процес, во кој Харли и Бенкен немаше потреба да бидат вклучени.

    Ова е почетокот на комерцијалните летови во вселената и НАСА на следните шест мисии исто така ќе ги користи „такси“ услугите на „Спејс-Екс“. Наредната е планирана за втората половина на август, кога ќе патуваат четворица астронаути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира