КАТЕРИНА САКЕЛАРОПУЛУ ИЗБРАНА ЗА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ГРЦИЈА

    КАТЕРИНА САКЕЛАРОПУЛУ ИЗБРАНА ЗА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ГРЦИЈАСакеларопулу досега беше претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција (Фото: АФП)

    Грчкиот парламент денеска ја избра Катерина Сакеларопулу за нов претседател на државата, која со тоа стана прва жена на оваа функција. Ова е главно церемонијална улога во Грција и носи ограничена политичка моќ.

    Шеесет и тригодишната судијка доби поддршка од 261 од можни 300 пратеници, а освен владејачката Нова демократија, за неа гласаше и опозициската партија Сириза на бившиот премиер Ципрас.

    Петгодишниот мандат на Сакеларопулу почнува на 13 март, кога ќе го замени актуелниот претседател Прокопис Павлопулос.

    Сакеларопулу, која е родена во Солун, досега беше претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција.

    „Сакеларопулу е симбол на единството на грчкиот народ. Ова покажува дека Грците можат да постигнат консензус за важни прашања“, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис, кој ја изненади јавноста кога ја предложи Сакеларопулу за нов претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира