ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА СМЕ ЖИВИ, КАЖАА ПОСЛЕДНИТЕ БРАНИТЕЛИ НА МАРИУПОЛ

    ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА СМЕ ЖИВИ, КАЖАА ПОСЛЕДНИТЕ БРАНИТЕЛИ НА МАРИУПОЛЗаповедниците на Азовскиот баталјон, Свјатослав Паламар и Илија Самојленко, одржаа прес-конференција од подземните бункери на „Азовстал“ (Фото: Твитер)

    Преостанатите бранители на Мариупол, кои се кријат во челичарницата „Азовстал“, ветија дека ќе продолжат да се борат додека се живи. Тие денеска одржаа ретка онлајн прес-конференција, на која зборуваа заповедниците на Азовскиот баталјон, Свјатослав Паламар и Илија Самојленко.

    „Знаеме дека Азовскиот баталјон има многу мали шанси да преживее. Предавањето не е опција, зашто Русија не ја интересираат нашите животи. Не можеме да им дадеме така скап подарок на нашите непријатели. Ние се бориме против агресор, непријател кој денесе терор во Украина, се бориме против неговото варварство“, изјави Самојленко.

    Тие не можеа да потврдат дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“, како што кажаа Украина и Русија.

    „Цивилите се евакуираа во изминатите три дена, но не знаеме дали сите излегле. Од политичарите слушаме дека било успешно, но за време на евакуацијата загинаа двајца наши борци. На територијата на фабриката има многу воени и цивилни жртви, а десетици илјади луѓе загинаа во Мариупол како резултат на руските акции во изминатите два и пол месеци“, кажа Паламар.

    Тој додаде дека можеле да се повлечат од Мариупол, но останале зашто добиле наредба да го бранат.

    „Никој не очекуваше дека ќе издржиме олку долго. Нашата влада не успеа да го спаси Мариупол. Нè нарекуваат паравоена група и радикали, но ние само бевме радикални во одбраната на земјата и му нанесовме многу штета на непријателот. Не добивме никаква помош. Бевме оставени сами осум години“, кажа Паламар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира