ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАМ СО ТРЕТАТА ДОЗА И НЕМАМ ПРОБЛЕМ СО ТОА, КАЖА БАЈДЕН

    ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАМ СО ТРЕТАТА ДОЗА И НЕМАМ ПРОБЛЕМ СО ТОА, КАЖА БАЈДЕНБајден кажа дека САД ќе испорачаат уште половина милијарди дози низ светот во првата половина од 2022 (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека тој и неговата сопруга Џил планираат да се вакцинираат со третата доза и нема проблем со тоа, иако милиони луѓе низ светот сè уште се невакцинирани против ковид-19.

    „Америка обезбеди повеќе вакцини за другите држави од остатокот на светот заедно“, изјави Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си.

    Тој додаде дека САД ќе испорачаат уште половина милијарди дози во првата половина од следната година. Според критичарите, тоа е само капка во океанот во споредба со она што е потребно.

    Ова следува откако американските здравствени власти ја одобрија употребата на третата доза од ковид вакцината, која може да се прими осум месеци по втората доза. Дополнителното вакцинирање ќе почне следниот месец.

    Вакцинирањето со две дози и натаму дава голема заштита од сериозно разболување од ковид-19 и најголем дел од хоспитализираните и смртните случаи во САД во изминатите недели биле невакцинирани лица.
    Третата доза е одобрена за да се подобри заштитата од делта сојот и поради раните докази дека делотворноста на вакцините слабее со тек на време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира