ЌЕ ЗАВРШИМЕ ДОБРА РАБОТА АКО ВО САД ИМАМЕ ПОД 100.000 МРТВИ ОД КОВИД-19, ВЕЛИ ТРАМП

    ЌЕ ЗАВРШИМЕ ДОБРА РАБОТА АКО ВО САД ИМАМЕ ПОД 100.000 МРТВИ ОД КОВИД-19, ВЕЛИ ТРАМПТрамп се откажува од идејата повторно да ја отвори американската економија до средина на април (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека федералните препораки во врска со коронавирусот ќе бидат продолжени низ САД најмалку до 30 април, иако претходно планираше да ја отвори американската економија до средина на месецот.

    „Најголемата стапка на смртност ја очекуваме во наредните две недели“, изјави Трамп.

    Ова уследи откако главиот медицински советник на Белата куќа Ентони Фаучи предупреди дека КОВИД-19 би можел да убие 200.000 Американци, а милиони да бидат заразени.

    Д-р Ентони Фаучи, американскиот врвен експерт за инфективни болести и член на тимот за борба против коронавирусот на Белата куќа, вчера рече дека пандемијата може да убие од 100.000 до 200.000 Американци, а милиони да се заразат. Фаучи рече дека врз основа на моделот за тековното ширење на коронавирусот низ САД, „меѓу 100.000 и 200.000 луѓе може да умрат од КОВИД-19, болеста предизвикана од новиот коронавирус. Сепак, Фаучи предупреди дека не треба да се става преголем акцент на предвидувањата, зашто „тоа е толку подвижна цел што може лесно да се погреши и луѓето да се донесат во заблуда“.

    „Ќе завршиме одлична работа доколку бројката починати ја одржиме под 100.000“, кажа Трамп.

    Во САД досега има 140.000 потврдени случаи на коронавирус, најмногу на светот, а починале речиси 2.500 луѓе.

    „Мерките како социјално дистанцирање се начинот на кој можеме да победиме. Очекуваме врвот на смртност да нѐ погоди во наредните две недели“, рече тој.

    Од КОВИД-19 досега починале 34.000 луѓе низ цел свет. Во последните 24 часа имаше 838 починати во Шпанија, 756 во Италија и 292 во Франција. Нови рестриктивни мерки стапија на сила и во Москва, чии жители ќе смеат да излезат од дома само за суштински работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира