КИЕВ НАПАДАТ СО ПРОЕКТИЛИ ДОДЕКА АФРИКАНСКИ ЛИДЕРИ ПРИСТИГНУВАА ВО МИРОВНА МИСИЈА

    КИЕВ НАПАДАТ СО ПРОЕКТИЛИ ДОДЕКА АФРИКАНСКИ ЛИДЕРИ ПРИСТИГНУВАА ВО МИРОВНА МИСИЈАЛидерите на Јужна Африка, Сенегал, Египет и Комори се надеваат дека ќе посредуваат помеѓу Русија и Украина (Фото: Твитер)

    Украинската војска објави дека уништила 12 руски проектили кои биле испукани кон Киев во моментот на доаѓањето на група африкански лидери, кои денеска ќе се сретнат со Володимир Зеленски, а утре со Владимир Путин во Санкт Петербург.

    „Во последниот напад на Киев уништени се шест балистички проектили ‘кинжал‘, шест крстосувачки проектили ‘калибр‘ и два извиднички дрона“, објавија украинските воздушни сили, без да наведат дали некој проектил ја погодил целта.

    Градоначалникот Витали Кличко претходно изјави дека градот е нападнат и дека имало експлозии во централниот округ Подил.

    Сирените за воздушна тревога се огласија додека во Киев пристигнуваше африканска делегација составена од лидерите на Јужна Африка, Сенегал, Египет и Комори, кои се во мировна мисија, со надеж дека ќе посредуваат помеѓу Русија и Украина. Тие прво го посетија гратчето Буча близу Киев, каде што руските сили извршија воени злосторства на почетокот на инвазијата.

    Според предлог-документот, африканската мировна мисија ќе предложи серија мерки за градење доверба и ќе ги охрабрува двете страни да се согласат на преговарачки процес заснован на дипломатијата.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вчера изјави дека Путин е отворен за решавањето на украинскиот проблем на бројни начини.

    „Овој проблем може да се реши на разни начини. Путин ги поддржува сите идеи кои можат да стават крај на конфликтот“, изјави Песков.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира