КИМ ЏОНГ-УН ОТВОРИ ФАБРИКА ОТКАКО 20 ДЕНА НЕ СЕ ЗНАЕШЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НЕГО

    КИМ ЏОНГ-УН ОТВОРИ ФАБРИКА ОТКАКО 20 ДЕНА НЕ СЕ ЗНАЕШЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НЕГОВо изминатиот период на големо се шпекулираше за здравствена состојба на Ким, а некои објавија и дека починал (Фото: АП)

    Северна Кореја не даде објаснување што се случувало со Ким Џонг-ун откако тој се појави во јавност за првпат после 20 дена.

    Новинската агенција КЦНА објави дека Ким пуштил во употреба фабрика за вештачко ѓубриво, откако во изминатиот период на големо се шпекулираше за неговата здравствена состојба, а некои отидоа толку далеку што претпоставија дека тој починал по операција на срцето.

    Државните медиуми го прикажаа Ким добро расположен додека ја сече црвената лента на фабриката во близина на Пјонгјанг. Церемонијата се одвивала пред илјадници работници, од кои повеќето носеле заштитна маска, а Ким бил придружуван од неколкумина високи функционери, вклучувајќи ја и неговата сестра Ким Јо-џонг.

    Тоа беше прво излегување на Ким во јавност од 12 април, а шпекулациите за неговата состојба почнаа да се појавуваат три дена подоцна откако тој не присуствуваше на свеченостите по повод роденденот на дедо му Ким Ил-сунг. Тој никогаш досега не го пропуштил овој настан. Анонимен извор потоа откри дека Ким уште од август страда од кардиоваскуларни проблеми, на што медиумите се надоврзаа со низа други шпекулации, меѓу кои и дека се наоѓа во критична состојба по операција на срцето. Владата на Јужна Кореја соопшти дека тоа не е вистина.

    Ова не е првпат Ким да исчезне од јавноста, па така во 2014 го немаше цели 40 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира