КИМ ЏОНГ УН ТРГНА СО СВОЈОТ ОКЛОПЕН ВОЗ ЗА ПЕКИНГ, ЌЕ ПАТУВА 24 ЧАСА

    КИМ ЏОНГ УН ТРГНА СО СВОЈОТ ОКЛОПЕН ВОЗ ЗА ПЕКИНГ, ЌЕ ПАТУВА 24 ЧАСАКим последен пат го посети Пекинг во 2019 (Фото: Гети)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун замина со воз од Пјонгјанг за Кина, каде што ќе присуствува на воена парада. На големата парада за Денот на победата, што ќе се одржи в среда во Пекинг, Ким ќе им се придружи на Шји Џинпинг, Владимир Путин и Александар Лукашенко, што ќе биде негова прва мултилатерална меѓународна средба.

    Ким се качи во оклопен воз на железничката станица во Пјонгјанг, за кој се вели дека има ресторан опремен со француски вина и јадења како свеж јастог. Поради тешката заштита, возот се движи бавно, па се очекува патувањето на Ким да трае 24 часа.

    Ова ќе биде првпат од 1959 година севернокорејски лидер да присуствува на кинеска воена парада.

    Меѓу 26-темина странски шефови на држави и влади на парадата нема да има западни лидери, а од Европската Унија ќе дојде само словачкиот премиер Роберт Фицо. Потврдено е присуството и на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, српскиот претседател Александар Вучиќ, спикерот на јужнокорејскиот парламент Ву Вон-шик, претседателот на Индонезија, Прабово Субијанто и на лидерите на Мјанмар и Куба.

    Ким последен пат го посети Пекинг во 2019. Тој ретко патува во странство и во последно време беше само кај Путин во Русија.

    Традицијата на патувања со воз ја започнал неговиот дедо Ким Ил Сунг, кој на овој начин одел и до Источна Европа. Според јужнокорејските медиуми, возот на Ким има околу 90 вагони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира