КИМ ЏОНГ-УН ЗА ПРВПАТ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИК НА ЈУЖНА КОРЕЈА

    КИМ ЏОНГ-УН ЗА ПРВПАТ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИК НА ЈУЖНА КОРЕЈАВечерата и разговорите во Пјонгчанг поминале во пријателско расположение (Фото: Гети)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека сака забрзано да воспостави поблиски односи со Сеул, откако во Пјонгјанг имаше заедничка четиричасовна вечера со висок претставник на Јужна Кореја, што е прва средба од таков тип откако дојде на власт.

    Посетата на претставник на владата на Јужна Кореја е дел од реципроцитетните потези, договорени околу неодамнешната Зимска олимпијада.

    „Посетата не беше разочарувачка. Двете страни постигнаа задоволителен договор за одржување на идни вакви разговори“, соопшти владата во Сеул.

    Делегација на Јужна Кореја ќе го посети Вашингтон кон крајот на неделата, за да ја извести Белата куќа за текот на разговорите со Северна Кореја. Во исто време кога се прават значајни дипломатски чекори, претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, кажа дека неговата земја ќе продолжи да ја засилува воената одбрана.

    Ким Џонг-Ун се има сретнато со малкумина странски официјални лица откако дојде на власт во 2011 година, а претставник на Јужна Кореја за последен пат го посетил Пјонгјанг во 2007.

    „Ким топло ги пречека делегатите и одржа отворен разговор со нив. Тој доби писмо од јужнокорејскиот претседател, кој го покани да продолжат со разговори“, објави државната агенција КЦНА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира