КИМ ЌЕ ПОКАНИ ЕКСПЕРТИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА И САД НА ЗАТВОРАЊЕТО НА СВОЈОТ НУКЛЕАРЕН ПОЛИГОН

    КИМ ЌЕ ПОКАНИ ЕКСПЕРТИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА И САД НА ЗАТВОРАЊЕТО НА СВОЈОТ НУКЛЕАРЕН ПОЛИГОННа полигонот Пунгје-Ри биле изведени шест нуклеарни проби, но тој можеби се урнал при тестирањето во септември (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја наредниот месец ќе го затвори својот полигон за ракетни и нуклеарни тестови, објавија од канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја.

    Тоа ќе биде направено јавно, при што ќе бидат поканети и странски експерти од Јужна Кореја и од САД.

    Научници велат дека полигонот Пунгје-Ри, можеби, делумно се урнал при тестирањето во септември и веќе не е во функција. Шест нуклеарни проби биле изведени тука од 2006 година.

    Во петокот, лидерите на двете Кореи постигнаа договор за целосна денуклеаризација на полуостровот и следниот чекор треба да биде средбата на Ким Џонг-Ун со Доналд Трамп. Американскиот претседател кажа дека се надева дека оваа средба ќе се одржи во наредните три-четири недели.

    „Господинот Ким изјави дека во мај сака да го затвори полигонот за тестирања. Тој притоа ќе покани експерти од Јужна Кореја и САД за да го надгледуваат процесот, со цел да се обезбеди меѓународна транспарентност“, изјави Јун Јанг-Чан, портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира