КИМ НЕ ОДГОВАРА НА ПОВИЦИТЕ НА БАЈДЕН И СЀ УШТЕ НЕ ГО ПРИЗНАЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    КИМ НЕ ОДГОВАРА НА ПОВИЦИТЕ НА БАЈДЕН И СЀ УШТЕ НЕ ГО ПРИЗНАЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДТрамп трипати се сретна со Ким, но не успеа да го наговори да се откаже од нуклеарното оружје (Фото: Гети)

    Администрацијата на Џо Бајден неколку пати се обидела да стапи во контакт со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но тој не одговарал. Официјални лица изјавија дека Вашингтон пробал да го контактира Пјонгјанг на неколку различни начини за да се спречи ескалација на тензиите, вклучувајќи и преку мисијата во Обединетите нации, но досега нема добиено никаков одговор.

    Севернокорејските медиуми сѐ уште го немаат признато Џо Бајден за нов претседател на САД. Неговиот претходник Доналд Трамп имаше три средби со Ким, но не успеа да го наговори да се откаже од нуклеарното оружје.

    „Имаше повеќе обиди да се стапи во контакт со Пјонгјанг, но безуспешно повеќе од 12 месеци, вклучувајќи и добар дел од последната година на мандатот на Трамп“, изјави официјално лице од Белата куќа.

    Бајден најави дека ќе ја ревидира политиката кон Северна Кореја, што ќе биде објавено во април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира