Лидери ширум светот му честитаа на Лаи Чинг-те за победата на тајванските претседателски избори, но со тоа го привлекоа бесот на Кина, која што се надеваше дека нема да победи кандидатот на владејачката партија во Тајван.
Лаи ѝ донесе победа на владејачката Демократска прогресивна партијата (ДПП) на изборите во саботата, со над 40 отсто од гласовите. Лаи доаѓа на местото на Цаи Инг-венг, со ветување дека ќе ги продолжи нејзините политики за спротивставување на плановите на Кина да го анектира Тајван.
Портпарол на американскиот Стејт Департмент им честиташе на тајванските граѓани „што уште еднаш ја демонстрираа силата на нивниот демократски систем и на изборниот процес“.
Тоа беше доволно за Кина да соопшти дека Стејт Департментот сериозно ги нарушил своите ветувања дека ќе има само неофицијални врски со Тајван и дека жали за коментарите на САД.
Освен САД, честитки до ДПП упатија и Велика Британија, Европската унија и Канада.
И за нивните честитки, Кина кажа дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Кина.