Кинеските власти остро ги предупредија своите државјани кои престојуваат во Русија да не се враќаат во татковината: „Останете во Русија, а ако веќе сте се вратиле, немојте да лажете за вашите патувања или симптоми“
Предупредувањата од властите доаѓаат откако месецов беа регистрирани повеќе од 100 случаи на коронавирус кај кинески граѓани кои се вратиле од Русија. Кина се обидува да ги спречи увезените случаи на коронавирус, кои можат повторно да ја рашират болеста во земјата.
Кинескиот амбасадор во Русија Жанг Ханхуи кажа дека „враќањето на вирусот е за морална осуда“. Тој вели дека тие што се вратиле лажат дека биле принудени да си заминат од Русија, бидејќи тамошните власти направиле да биде невозможно да се остане.
„Таквото однесување е одвратно“, рече амбасадорот и ги обвините граѓаните кои се враќаат од Русија во Кина дека ги нарушуваат односите меѓу двете земји.