КИНА ИМ ВОЗВРАТИ НА САД СО ЦАРИНИ И ЈА ОБНОВИ ТРГОВСКАТА ВОЈНА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    КИНА ИМ ВОЗВРАТИ НА САД СО ЦАРИНИ И ЈА ОБНОВИ ТРГОВСКАТА ВОЈНА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИНовите кинески царини ќе почнат да се применуваат од 10 февруари (Фото: АП)

    Пекинг им возврати на САД со царини откако на сила стапија новите американски давачки на увозот од Кина, обновувајќи трговска војна помеѓу двете најголеми светски економии.

    САД ѝ воведоа царини од 10% на Кина откако Доналд Трамп ја обвини дека не прави доволно за да спречи внесување на дроги во Америка. Веднаш откако тие стапија на сила, кинеското министерство за финансии објави дека воведува царини од 15% за американските јаглен и течен природен гас, како и 10% за сурова нафта, земјоделска опрема и некои автомобили. Овие царини ќе почнат да се применуваат од 10 февруари.

    Кина објави дека истовремено почнала антимонополска истрага против технолошката компанија „Алфабет“, која го поседува „Гугл“.

    Трамп вчера во последен момент се согласи да ги одложи новите царини за Мексико и Канада за 30 дена. Двете држави се соочуваа со царини од 25%, но барем привремено се спасија од нив откако било договорено да ги зајакнат контролите на своите граници со САД. Вакви отстапки немаше за Кина и Белата куќа соопшти дека Трамп би можел да разговара со кинескиот претседател Шји Џинпинг дури подоцна оваа недела.

    За време на својот прв мандат, Трамп во 2018 започна брутална двегодишна трговска војна со Кина поради огромниот американски дефицит. Трамп сега најави дека би можел и да ги зголеми царините за Кина ако таа не го запре напливот на смртоносната дрога фентанил во САД.

    Се надевам дека Кина ќе престане да ни испраќа фентанил. Ако не престане, царините ќе бидат значително поголеми“, кажа Трамп.

    Кина увезува мали количини сурова нафта од САД, 1,7% од вкупниот увоз, вредна околу шест милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира