КИНА ЈА ПОМАГА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА, НО НЕ СО ОРУЖЈЕ, ВЕЛАТ САД

    КИНА ЈА ПОМАГА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА, НО НЕ СО ОРУЖЈЕ, ВЕЛАТ САДМинатата година, 90% од рускиот увоз на микроелектроника дошол од Кина (Фото: Гети)

    Кина ги поддржува руските воени напори во Украина така што ја снабдува Москва со технологија за изградба на дронови и проектили, сателитски снимки и со делови за машини, велат високи американски функционери. Сепак, кинеската амбасада во САД тврди дека Кина досега не испратила оружје на ниедна страна и дека не е вклучена во војната во Украина.

    Еден функционер изјави дека кинеските материјали ги пополнуваат клучните празнини во руското воено производство и дека Кина ѝ помага на Москва во нејзината најамбициозна одбранбена експанзија од распадот на Советскиот Сојуз, која се одвива побрзо одошто можеше да се замисли во почетокот на војната.

    Сметаме дека еден од најважните потези што можеме да ги направиме за да ѝ помогнеме на Украина е да ја убедиме Кина да престане да ѝ помага на Русија во обновата на нејзините воени капацитети. Русија ќе се мачи да ги одржи своите воени напори без придонес од Кина“, кажа еден американски функционер.

    Амбасадата на Кина во Вашингтон соопшти дека нормална трговска размена помеѓу Русија и Кина не треба да биде ограничена и попречена и дека САД не би требале да се мешаат во тоа.

    Минатата година, 90% од рускиот увоз на микроелектроника дошол од Кина, што, според САД, вклучува и оптички делови за руските тенкови и оклопни возила и мотори за дронови и проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира