КИНА НАПРАВИ ПАТНИЧКИ АВИОН СЛИЧЕН НА БОИНГ 737 И ЕРБАС 320

    КИНА НАПРАВИ ПАТНИЧКИ АВИОН СЛИЧЕН НА БОИНГ 737 И ЕРБАС 320Авионот Ц919 полета од аеродромот на фабриката во Шангај (Фото: АП)

    Првиот голем патнички авион што го произведе Кина денес во Шангај го направи првото тест летање. Тоа е симболичен пресврт во долгогодишните напори на Кина да се вклучи на пазарот на производители на авиони.

    Кина има намера новиот Ц919 да биде конкуренција на европскиот Ербас 320 и американскиот Боинг 737.

    Авионот требаше да полета уште во 2014 година, а во 2016 требаше да биде ставен во комерцијална употреба кај авиокомпаниите. Ако тест летовите се покажат успешни, тогаш производителот, државната компанија „Комершал еркрафт корп“, или скратено Комак ќе бара сертификати за безбедност од кинеското цивилно воздухопловство за да може да почне да го продава авионот на авиокомпаниите.

    На почетокот до 2019 година ќе се прават по два авиона годишно, пред да се стартува со масовно производство, изјавија од производителот Комак.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира