КИНА ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО И ГИ ПОКАЖА ПРОЕКТИЛИТЕ СО КОИ МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА АМЕРИКА

    КИНА ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО И ГИ ПОКАЖА ПРОЕКТИЛИТЕ СО КОИ МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА АМЕРИКАПрославата го истакна развојот на кинеската воена технологија, што произлезе од тридеценискиот економски подем (Фото: АП)

    Камиони опремени со оружје вклучувајќи нуклеарни проектили со кои можат да се гаѓаат САД парадираа низ Пекинг на одбележувањето на 70-годишнината од прогласувањето на Народната Република Кина. Воената парада ја нагласи растечката улога на Кина како амбициозна глобална сила, при што некои од оружјата за првпат беа покажани во јавност.

    Војниците маршираа пред претседателот Шји Џјинпинг и останатите лидери на плоштадот Тјананмен, додека илјадници гледачи мавтаа со знамиња, а борбени авиони прелетуваа над нив.

    „Ниту една сила не може да го разнише статусот на нашата татковина, ниту една сила не може да го запре напредокот на кинеската нација“, кажа Шји во говорот на националната телевизија.

    Додека тој зборуваше, антивладини демонстранти повторно се собраа во Хонг Конг и набргу се судрија со полицијата.

    Денеска се прославува основањето на Народната Република Кина, што Мао Це Тунг ја прогласи на 1 октомври 1949 година по граѓанската војна. Шји одржа говор од истото место каде што Мао ја прочита својата декларација пред точно 70 години.

    Прославата го истакна развојот на кинеската воена технологија, што произлезе од тридеценискиот економски подем на земјата, која во последните десет години ги зголеми вложувањата во армијата за 400%, што лани изнесувало 250 милијарди долари. Странски аналитичари велат дека Кина е блиску да се израмни со САД, Русија и Европа во развојот на проектили, дронови и некои други полиња. Кина ја има најголемата војска на светот со два милиона припадници и моментално развива нова генерација борбени авиони и нуклеарни подморници.

    Еден од покажаните проектили беше „донгфенг-41“, за кој се вели дека има домет до 15.000 километри, најмногу на светот и тој во исто време може да носи десет боеви глави.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира