КИНА ОБЈАВИ ДЕКА ПОМИНАЛ ВРВОТ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАТА

    КИНА ОБЈАВИ ДЕКА ПОМИНАЛ ВРВОТ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАТАВо последните 24 часа имало само 15 нови случаи низ целата земја (Фото: Гети)

    Кинеските власти официјално означија крај на врвот на ширењето на коронавирусот во земјата, два и пол месеци откако тој за првпат беше идентификуван во градот Вухан.

    „Бројката на нови случаи е во постојан пад“, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија на Кина.

    Во последните 24 часа имало само 15 нови случаи низ целата земја, од кои осум во провинцијата Хубеи. Ова е првпат од почнувањето на заразата бројката на новозаразени во провинцијата да е помала од десет.

    Во изминатите седум дена, ширењето на коронавирусот беше значително успорено, со што драстичните мерки во сообраќајот и движењето на луѓето дадоа резултати. Властите на Хубеи рекоа дека ограничувањата во патувањето наскоро ќе бидат олеснети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира